Сребреница - град на духовите

Сребреница - град на духовите

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

По над две децении од геноцидот, Сребреница се нарекува град на духови или заборавен град, кој и ден-денес е поделен поради историјата.

Само 7.000 луѓе се регистрирани во општината, која некогаш имала и 37.000 жители, а само стотици всушност живеат во градот.

Реконструкцијата е многу бавна, инвестициите се многу ретки, а невработеноста е висока. Во Сребреница нема кино, театар, пекарница, месарница, чевлар, нема саатчија...

И додека повеќето луѓе сакаат да избегаат од градот, Харис и Радомирка Алиќ, покрај сите тешкотии со кои се соочуваат поради тоа што се мешан пар, одлучиле да останат и да отворат слаткарница.