Финска компанија прави храна од јаглероден диоксид

Финска компанија прави храна од јаглероден диоксид

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Солар фудс“ разви процес кој користи обновлива енергија и јаглероден диоксид, кој ја загадува атмосферата, за да создаде алтернативен протеин кој го нарекува солеин.

Од компанијата велат дека со овој процес солеинот се прави 100 пати подобар за климата од други извори на протеини, дури и од оние растителните. Aко се покаже како одржлива, техниката би можела да се справува и со уништувачкото влијание врз околината на актуелните земјоделски техники, како и со потребата за производство на храна на места каде што тие техники не функционираат.

За да создаде солеин, компанијата почнува со користење на обновлива енергија за да ги раздели клетките на вода на водород и кислород. Потоа водородот се комбинира со јаглероден диоксид и се додаваат калиум, натриум и други нутритиенти.

Потоа компанијата храни микроби со препаратот и тие создаваат состојка што може да се јаде, а за која од компанијата велат дека е 20 до 25 отсто јаглехидрати, 5 до 10 отсто масти и 50 отсто протеини.

- Производството нa солеинот е целосно независно од земјоделството. Не е потребна обработлива земја или наводнување и не е ограничено од климатските услови. Може да се произведува каде било во светот, дури и на места каде што конвенционалното производство на протеин никогаш не било можно - истакнуваат од компанијата.

Оттаму се надеваат дека ќе успеат да го однесат солеинот до продавниците во текот на следните две години. На крајот компанијата може и да се здружи со други идни стартапи за храна.

Фото: Solar Foods/Victor Tangermann