„Енола Холмс 3“ е најгледан филм на „Нетфликс“, бележи милионски прегледи
Третиот дел од серијалот „Енола Холмс“ на „Нетфликс“ почна да се прикажува на 1 јуни и во првите пет дена забележа 20,7 милиони прегледи, односно стана најгледан филм во периодот од 29 јуни до 5 јули.
Во новиот филм Мили Боби Браун повторно ја глуми Енола Холмс, помладата сестра на славниот Шерлок Холмс, а приказната овој пат се сели на Малта.
На официјалната веб-страница на стриминг-платформата „Нетфликс“ е наведено дека филмот ја следи авантурата во која плановите на Енола за венчавка пропаѓаат откако Шерлок ќе исчезне, поради што младата детективка се наоѓа во опасен случај кој ги поврзува семејните односи, романсата и меѓународната интрига.
-Дејството на третиот филм започнува во моментот кога Енола се подготвува за свадба за лордот Тјуксбери, кој повторно го глуми Луис Партриџ. Но, пред да стигне до олтарот, дознава дека нејзиниот брат Шерлок, кого го толкува Хенри Кавил, е киднапиран. Наместо венчавка, Енола ја чека нов случај - наведуваат од „Нетфликс“.
Третиот филм го режираше Филип Барантини, автор на криминалистичката драма „Адолесценција“, додека сценариото повторно го напиша Џек Торн, сценарист на првите два филма.
Фото: принтскрин/јутјуб