Мајка и ќерка изградија иновативен дом од 8.000 фрлени стаклени шишиња

Мајка и ќерка изградија иновативен дом од 8.000 фрлени стаклени шишиња

Додека многумина на плажите гледаа само отпад, мајка и ќерка од Бразил во него препознаа можност за нешто сосема поинакво. Повеќе од 8.000 фрлени стаклени шишиња ги претворија во уникатен дом кој денес им го привлекува вниманието на луѓето низ светот.

За време на градбата, мајката и ќерката се соочувале со многу предизвици – од недостиг на финансиски средства до предрасуди поради тоа што како жени сами воделе голем дел од проектот. И покрај тоа, не се откажале од својата идеја, а нивниот дом денес стана инспирација за љубителите на одржливиот начин на живот и еколошката градба.


Извор: 24sata
Фото: Инстаграм