Во лисјата на ова овошје се наоѓа супстанција што ги убива клетките на ракот, килограм плодови чини околу 10 евра
Во нејзините лисја и гранчиња се крие вистинско лековито богатство. Во нив е пронајдена активна супстанција под името асимицин, која има антиканцерогени својства и се користи за производство на лекови против рак.
Индијанската банана или paw е чудо на природата. Овoj растителен вид (лат. Asimina triloba) од семејството Annonaceae потекнува од Северна Америка, расте во форма на грмушка или помало дрво, а има плодови со фантастични карактеристики.
- Индијанската банана е нутритивно најсилното овошје во светот - изјави Иван Шулог од Хрватска, сопственик на компанијата „Егзотик кинг“, кој одгледува индијански банани повеќе од десет години. - Постои суперхрана, но ова е топ суперхрана - додава Шулог.
Индијанската банана навистина е вистинска ризница на хранливи материи – изобилува со витамини А, Ц и Б, содржи калиум, калциум, магнезиум и железо, како и прехранбени влакна и моќни антиоксиданси како биофлавоноидите. Има и значителна енергетска вредност – околу 80 калории на 100 грама плод.
Лек против рак?
Индијанската банана воопшто не е банана. Изгледа како помало зелено манго. Кога е зрела, исклучително е мека – под прстите и забите. Има неверојатно кремаста текстура, овошно-цветна арома и сладок вкус, кој најдобро може да се опише како микс од банана, манго и папаја.
Во нејзините лисја и гранчиња се крие вистинско лековито богатство. Во нив е пронајдена активна супстанција под името асимицин, која има антиканцерогени својства и се користи за производство на лекови против рак.
Некои лабораториски студии покажаа дека таа ги убива клетките на ракот што се отпорни на вообичаено користените хемотерапевтски лекови, како што е адријамицинот.
- Индијанската банана е 10.000 пати посилна од хемотерапијата - истакнува господин Шулог. - Ако не ми верувате, гуглајте - додава тој.
Фото: принтскрин/јутјуб