Адвокатско друштво Папазоски и Мишев бара адвокатски приправници
Спојте ја Вашата љубопитност со постојаните можности за учење и напредок, и направете разлика. За потребите на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев, објавуваме отворени позиции за:
Адвокатски приправници
Кои сме ние:
Адвокатското друштво Папазоски и Мишев е основано и регистрирано во Адвокатската Kомора, во согласност со Законот за адвокатура;
Адвокатското друштво соработува со глобалната професионална мрежа PwC;
Адвокатското друштво спаѓа во Топ 5 македонски адвокатски друштва и е рангирано како едно од најдобрите адвокатско друштво од страна на меѓународните ранкинг агенции Chambers and Partners, IFLR1000 и Legal500;
Адвокатското друштво Папазоски и Мишев има силен и стручен тим составен од 12 искусни адвокати специјализирани во посебни области од деловното право и 2 соработници
Што нудиме:
- Професионална, динамична и пријатна работна околина во модерниот Хипериум бизнис центар;
- Програма за личен и професионален развој и професионална надградба во областа на деловното право;
- Месечен надомест;
- Можност за вработување;
- Можност за интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.
Што бараме:
- Дипломиран правник или магистер по правни науки со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) за стекнување услови за полагање на правосуден испит;
- Без работно искуство;
- Добро познавање на англиски јазик и работа со компјутери.
- Доколку сте заинтересирани, Ве молиме аплицирајте најдоцна до 14.10.2024.
* Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени предвид.
https://www.papazoski-mishev.mk/en/privacy-statement.html
| Изјава за Доверливост ] на Адвокатско друштво Папазоски и Мишев, независно адвокатско друштво во соработка со PwC.