Се оддалечува од мене без да се сврти, не пробува нова храна, покажува агресија... Дали е потребна посета на дефектолог или психолог?
Станува збор за тригодишно дете што ги поседува следните карактеристики: Одбива инструкции од родители. Се оддалечува премногу од мене, без да се сврти. Не слуша дека треба да застане, туку мора со трчање да ја стигнам. Повишува тон на возрасни и врсници кога одговара на прашања. Доколку користи некоја од лулашките на игралиште, не сака другарче да седи до неа, бурно реагира дека треба да се тргне детето (нешто што забележав дека другите деца на нејзина возраст не го прават). Доколку забележи дека детето до неа е индиферентно, може да го прифати неговото присуство, во секој друг случај реагира несоодветно. Кога добива негативен одговор за нешто или насока дека не смее да прави нешто, бурно реагира, со агресија наидува на лицето што ѝ вели да не прави нешто и пробува да го удри. Пребирливоста за храна е голема, со тоа што никако не сака да пробува нови храни. При позитивна или негативна емоција ги стега забите.
Од позитивни карактеристики можам да издвојам дека зборува многу и ужива во музика. Оди во градинка, но почесто е дома затоа што многу се разболува. Кога е во присуство на познати деца, доколку не ѝ дозволат да земе нешто нивно, дружбата секогаш завршува со кавга. Моето прашање е дали овие карактеристики укажуваат дека е потребна посета на дефектолог или психолог?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк