Илон Маск се заканува со тужба поради документарецот „Маск“ во режија на Алекс Гибни

Илон Маск се заканува со тужба поради документарецот „Маск“ во режија на Алекс Гибни

Правниот тим на Илон Маск им се закани со тужба на продуцентите на 4-часовниот документарен филм посветен на него, меѓу другото, обвинувајќи ги авторите дека при создавањето на филмот не ги провериле фактите.

Адвокатот на најбогатиот човек на светот, Алекс Спиро, во писмото со предупредување од 3 септември му замерува на режисерот награден со „Оскар“, Алекс Гибни, што документарниот филм „Маск“ го засновал на однапред донесени заклучоци, наместо на непристрасно истражување.

Спиро го обвинува режисерот дека изнесените факти не ги проверил со Маск или со неговите соработници.

Адвокатот ја издвои наводната инсинуација дека сателитите на Маск „Старлинк“ биле користени за влијание врз американските претседателски избори во 2024 година.

- Известени сте, пред премиерата на филмот, дека таа инсинуација е погрешна, дека јавно достапниот материјал ја демантира и дека самите одлучивте да не го слушнете остатокот - пишува во дел од писмото на Спиро.

Продукциската куќа „Џигсоу продакшнс“ во соопштение за истиот медиум ја бранеше точноста на информациите во филмот и порача дека Маск, како апсолутист за слобода на говорот, би требало да го поддржи нивното право да ги преиспитуваат моќните личности.

 

Филмот „Маск“ беше прикажан во вторникот на Венецијанскиот филмски фестивал и доби овации од публиката и пофалби од критичарите.

Гибни во него го следи патот на сопственикот на компаниите „Спејс екс“, „X“ и „Тесла“, од неговото раѓање во Јужноафриканската Република до пробивањето во Силициумската долина на почетокот на 21 век.

Филмот го опфаќа и тешкото детство на Маск, како и 14. деца што ги има со повеќе жени.

Адвокатите предупредија дека би можеле да покренат тужби за клевета против продуцентите и дистрибутерите на филмот, меѓу кои се и „Ејч-би-о“, „Бликер стрит“ и „Јуниверзал“.

Работата на Гибни често се занимава со теми за моќни институции и организации, како филмовите за сциентолошката црква или меѓународната шпионажа.

Со „Оскар“ за најдобар документарен филм Гибни беше награден за „Такси до темната страна“, филм за мачењето што американската војска го спровeдуваше во Авганистан.

Маск во најмалку десетина објави го нападна на својата платформа „Х“, нарекувајќи го режисерот ужасно човечко суштество, а неговиот документарен филм досаден леток.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube