Сакате да гледате божиќни филмови цела година? И треба!

Сакате да гледате божиќни филмови цела година? И треба!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако сте меѓу оние што сакаат да гледаат божиќни филмови во текот на целата година, имаме одлични вести за вас - психолозите тврдат дека тоа е добро за вашето здравје.

Тие истакнуваат дека филмовите како „Сам дома“ и „Всушност, љубов“ може да им помогнат на луѓето да живеат подолго и посреќно.

- Гледањето божиќни филмови доведува до невролошки промени што поттикнуваат среќа кај човекот. Исто така, сето она што нè мачи во нашето секојдневие влијае врз нашите сетила. На пример, божиќното украсување поттикнува поголемо лачење на допамин, хормон на среќа - велат психолозите.



Освен што наведените работи ќе ви донесат радост, тие можат и да ги намалат вознемиреноста и стресот.

Гледањето божиќни филмови со некој друг може да ви помогне и за зајакнување на врската со таа личност, а ваквите филмови кај нас будат и носталгија за некои посреќни и побезгрижни времиња.

Немојте да ги слушате оние што ви велат да не гледате божиќни филмови уште во ноември бидејќи науката ве поттикнува да го правите тоа.