МОН ги објави листите на дополнително примени студенти во студентските домови

МОН ги објави листите на дополнително примени студенти во студентските домови

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од повторениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2020/2021 година, објавен на 27.10.2020 година.

ТУКА можете да ја видите листата на примени студенти - бруцоши.

ТУКА можете да ја видите листата на примени студенти од втора и повисоки години на студии.

Од МОН наведуваат дека приговори може да се достават до архивата на МОН, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Од Министерството нагласуваат дека студентите што следат комбинирана настава (онлајн и со физичко присуство) ќе можат веднаш да се сместат во домовите, додека оние што следат само онлајн-настава нема да можат да се сместат до следно известување.

Фото: Колектиф Прес