Арнолд Шварценегер организира потрага по богатство во Виена
Холивудската ѕвезда со австриско потекло Арнолд Шварценегер повторно во Виена покренува наградна потрага по богатство под називот „Пронајди ја чантата на Арнолд!“, во чии рамки на три локации во градот се скриени чанти со подароци.
Акцијата ја организира неговата еколошка фондација „Шварценегер клајмет иницијатив“ како дел од кампањата за заштита на животната средина, а директно е инспирирана од неговиот нов божиќен филм „Човекот со чантата“, Во чантите со изненадувања, меѓу другото, ќе има и дуксери.
Во филмот Арнолд Шварценегер го глуми Дедо Мраз, чија волшебна вреќа со подароци е украдена. Филмот премиерно ќе биде прикажан на 2 декември на платформата Прајм видео. Во виенската потрага по богатство под мотото „Пронајди ја чантата на Арнолд!“ ситуацијата е поразлична.
„Не сакаме само забава и возбуда“
- Арнолд отсекогаш беше талентиран кога е во прашање комбинирањето сериозни теми со добра доза хумор. Токму таков начин применуваме во оваа потрага по богатство. Не сакаме само забава и возбуда, туку на забавен и пристапен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните за важноста на заштитата на животната средина и климата - објасни Моника Лангталер, директорка на климатската фондација на Шварценегер.
Фото: принтскрин/јутјуб