Black Week во Семос Едукација - Попустите траат неколку дена, знаењето останува засекогаш
До крајот на ноември, попусти до 50% на обуки, кариерни програми, курсеви за млади и сертификати.
Black Friday најчесто е синоним за попуст на нешто што долго го посакуваме нов телефон, патики, гаџет. Оваа година Семос Едукација предлага поинаква перспектива, попустот да се искористи за нешто што може да ја смени твојата кариерата.
Под слоганот „Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.“ Семос Едукација ја започнува кампањата која овозможува попуст до 50% на специјално одбрани АИ обуки, кариерни програми, сертификациски испити и курсеви за млади.
Пораката на кампањата е едноставна дека ваквите понуди траат кратко, но знаењето и вештините што ги стекнуваме остануваат и создаваат вредност долго потоа.
Технологијата, вештачката интелигенција и новите начини на работа ги менуваат професиите со невиден темпо. Континуираното учење затоа веќе не е само предност, туку предуслов за професионален развој.
Затоа годинашната понуда е фокусирана на програми за практично знаење, надградба на професионалните компетенции и подготовка за следниот чекор во кариерата. Понудата опфаќа пет категории:
• Кратки курсеви – за брза и практична надградба на конкретна вештина, применлива веднаш во работата.
• AI обуки – обуки за тоа како вештачката интелигенција може конкретно да помогне во секојдневната работа, од анализа и продуктивност до дизајн и програмирање.
• Кариерни програми – за оние што планираат посериозен кариерен чекор, промена на професионалната насока или стекнување нов сет компетенции.
• Курсеви за млади - за оние кои сакаат да стекнат практични дигитални вештини и да направат прв чекор кон професиите на иднината.
• Сертифицирани испити – можност знаењето да се потврди со меѓународно признаена сертификација.
Black Friday обично нè поттикнува да размислуваме што можеме да купиме поевтино. Ние сакаме да го поставиме прашањето поинаку: што можеш да научиш денес што ќе ти вреди и утре? Попустот трае неколку дена, но одлуката да инвестираш во себе ќе ти донесе во иднина. Исто така имајте предвид дека бројот на места е ограничен - изјавија од Семос Едукација.
Целосната понуда е достапна на
blackweek.semoseducation.com.
Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.
(Комерцијална објава)