Кратката црна комедија „Налепница“ на Георги Унковски избрана за „Санденс“

Кратката црна комедија „Налепница“ на Георги Унковски избрана за „Санденс“

Филмот „Налепница“ по сценарио и режија на Георги Унковски влезе во селекција на кратки филмови на престижниот фестивал на независен филм „Санденс“. Директор на фотографија е Наум Доксевски, продуценти се Марија Димитрова и Горан Ацевски од „Синема футура“.
Фестивалот ќе се одржува од 23 јануари до 2 февруари.



Главната улога во 19-минутниот филм ја толкува Сашко Коцев. Играат: Соња Стамболџиоска, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Димитрија Доксевски, Џевдат Јашари и др.
Монтажата е на Мартин Иванов. За дизајнот на звук се погрижи Сашко Потер Мицевски.

По неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, 37-годишниот Дејан (Сашко Коцев) во очаен обид да остане релевантен во животот на својата ќерка, запаѓа во серија бирократски стапици кои му го менуваат животот засекогаш.

Премиерата на филмот беше во септември во Скопје, а беше прикажан и на фестивалот „Синедејс“.
За директорот на фотографија, Наум Доксевски, ова е втора номинација за краток филм на престижниот американски фестивал. Пред две години филмот на кој тој работеше „Види ја ти неа“ на Горан Столески ја освои и наградата за најдобар интернационален игран филм.