Ми недостигаш...

Ми недостигаш...

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ми недостигаш

Ми недостигаш како што на вирчето му недостига снешкото што некогаш бил

Ми недостигаш како што на пеперутката ѝ недостига гасеницата,
како што на жабата ѝ недостига полноглавецот,
како што на пингвинот му недостига топлото јајце

Ми недостигаш
Како што на моето биро му недостига дрвото што некогаш било пред да стане мое биро

Ми недостигаш
Како што на желадот му недостига дабовото дрво на кое растело
Како што на тишината ѝ недостига песната
Како што на книгата ѝ недостига празна страница

Ми недостигаш
Како што на изненадувањето му недостига да биде изненадување
како што на морнарот му недостига копното
како што на астронаутот му недостига Земјата
како што на возрасниот му недостига да биде дете
како што на стрелата ѝ недостига лакот од кој била исфрлена

Ми недостигаш како што ми недостигаш.

А.Ф.Харолд