Студентите во „Кузман Јосифовски-Питу“ ѕемнат и немаат топла вода, доцни горивото за греење

Студентите во „Кузман Јосифовски-Питу“ ѕемнат и немаат топла вода, доцни горивото за греење

Подготвил: А.П.

Станарите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ немаат греење, ниту топла вода. Тие се принудени да ѕемнат кога температурите надвор се ниски, а ова се случува затоа што, како што велат надлежните, доцни испораката на екстра лесно гориво од Агенцијата за стокови резерви.

Проблеми со греењето и со топла вода се појавуваат речиси секоја зима.

Новиот директор на Државниот студентски дом - Скопје, Виктор Велевски, кажа дека причина за ова е тоа што доцни испораката на гориво од Агенција за стокови резерви.

- Правиме напори да се реши проблемот уште денеска. Агенцијата има проблем со испораката, која требаше да се случи вчера, на 11 јануари, но се одложи. Се трудиме да најдеме решение и да обезбедиме гориво за греење - рече Велевски.

Во „Кузман Јосифовски-Питу“ живеат 490 студенти.