Кинеска мисија потврди дека има вода на Месечината

Кинеска мисија потврди дека има вода на Месечината

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Вселенската програма на Кина - ЦНСА е првата што пронајде доказ за вода на површината на Месечината. Откритието било направено со мисијата „Чанги-5“. Научниците знаеле дека на Месечината има вода со помош на опсервации и мерења, но досега тоа не било потврдено со физичка мисија на површината на Месечината.

Новото откритие се опишува во истражување објавено во списанието „Сајенс адвенсис“.

Истражувачите велат дека биле откриени две локации со вода со приближна количина еднаква на 120 грама и 180 грама на еден тон, соодветно. Ова е мало количество, но сепак докажува присуство на вода на Месечината.


Фото: Science

Кина има повеќе мисии поврзани со Месечината, а неодамна биле објавени фотографии од подалечната страна на Месечината направени со мисијата „Чанги-4“. Кинеската вселенска агенција објави и дека развива реактор кој ќе работи со нуклеарна фисија за Месечината. Кина планира и да испрати луѓе на Марс до 2033 година.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay