Научниците тврдат дека има еден специфичен ден во неделата кога не треба да се оперирате

Научниците тврдат дека има еден специфичен ден во неделата кога не треба да се оперирате

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Како дел од една неодамнешна студија, научниците тврдат дека има еден специфичен ден во неделата во кој навистина треба да избегнувате операција.

На крајот на краиштата, операцијата е операција – па ако навистина ви е потребна, сигурно не е важно во кој ден ја правите.

Но, според една неодамнешна студија, пациентите што се примени во болница во еден одреден ден од неделата имаат значително поголема веројатност да умрат. Без разлика дали станува збор за замена на колк или за посериозна процедура, оние што имаат операција во петок имаат 10 отсто поголем ризик од смрт.

Наречен „ефектот на викендот“, научниците веруваат дека повисоката стапка на смртност се должи на недостигот на висок персонал кој работи во сабота и во недела – а времето за постоперативна нега е клучно за пациентите. Згора на тоа, студијата наведува дека викендот има помалку дополнителни услуги како што се скенирање и тестови достапни за пациентите.

- Пациентите на кои им беше извршена операција непосредно пред викендот имаа значително зголемен ризик од компликации, реадмисија и смртност во споредба со оние што се лекуваа по викендот. Важно е здравствените системи да проценат како овој феномен може да влијае врз нивните практики за да се осигурат дека пациентите добиваат одлична нега без оглед на денот - истакнал д-р Раџ Саткунасивам од методистичката болница во Хјустон, Тексас, кој воедно е и експертот кој ја водел студијата.

Како дел од студијата, истражувачите анализирале податоци за близу 430.000 пациенти кои биле оперирани во Онтарио, Канада, помеѓу 2007 и 2019 година. Оние што биле оперирани во петок имале 9 проценти поголеми шанси за смрт 30 дена по операцијата, 10 проценти на 90 дена и 12 проценти на една година.

Покрај помалку висококвалификуваниот персонал кој работи во петок и за време на викендот, истражувачите забележале и други причини за наодите што ги заклучиле во нивната студија.

- Понатаму, тимовите за викенд може да бидат помалку запознаени со пациентите отколку тимот за време на работната недела, кој претходно управувал со негата – се вели во студијата.

- Потребни се дополнителни студии за да се разберат разликите во грижата што може да ги поткрепат овие набљудувања и да се осигури дека пациентите добиваат висококвалитетна нега без оглед на денот во неделата - велат експертите.

Извор: unilad.com

Фото: Freepik