Првата светска електрична едрилица ќе почне да пренесува патници

Првата светска електрична едрилица ќе почне да пренесува патници

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Риџент Крафт“, производител на целосно електрични поморски едрилици со седиште во Род Ајленд, ја претстави првата светска електрична поморска едрилица со екипаж и ги заврши своите први тестови, демонстрирајќи успешна техничка валидација на новиот морски брод со екипаж. Сето тоа можете да видите на ова видео.

Прототипот на морската едрилица „Вајсерој Сиглајдер“ со 12 патници, долг 16.764 метри и со распон на крилата од 19.812 метри, е најголемата целосно електрична летачка машина и претставува нов начин на транспорт.


Иако наликува на хидроавион, возилото се движи на три начини - лебдејќи на трупот, лебдејќи над брановите на хидрокрилата и летајќи во рамките на распонот на едно крило од површината на водата.

Компанијата „Риџент Крафт“ го нарекла бродот „Паладин“ пред да го лансира во заливот Нарагансет, во близина на Род Ајленд, по што почнале официјалните морски испитувања, а првите тестови за патници на луѓе ќе започнат кон средината на оваа година.

Се планира бродот да носи 12 патници и двајца членови на екипажот, или 1.600 килограми товар на растојание од најмалку 300 километри, со брзина од 300 километри на час, летајќи на ултраниски височини од само 9-18 метри над водата.

Извор: vidi.hr

Фото: YouTube screenshot