Почина актерот Кирил Поп Христов - Кили
На 58-годишна возраст, во Еквадор, почина актерот Кирил Поп Христов – Кили.
Христов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.
Публиката ќе го памети по многубројните улоги во претставите и во над 20 филма, меѓу кои „Тетовирање“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“...
Фото: скриншот/јутјуб