Зошто сме толку носталгични за 90-тите години?
Во последно време многу се зборува за носталгијата – неодамна имаше тренд поврзан со 2016 година, година која зазема посебно место во сеќавањата на милениумците и зумерите, па сите споделуваа фотографии од тој период, со нагласување дека 2026 година е новата 2016 година. Истовремено бевме сведоци на постојаното враќање на модните трендови од 90-тите години на 20 век и почетокот на 21 век, спинофи од стари ситкоми и целокупно чувство на копнеж по тие поедноставни времиња.
Во време на глобална политичка и економска нестабилност, овие сеќавања ни носат чувство на сигурност. Но, секој што малку подобро се сеќава на 90-тите знае дека тој период беше далеку од совршен – светот беше полн со политички конфликти, финансиските кризи не беа невообичаени, а Балканскиот Регион закрепнуваше од последиците од војната.
Зошто сме носталгични за 90-тите години?
И на глобално ниво - на пример, „Тамагочи“ ја отвори својата прва филијала во Велика Британија во 2024 година, а нивната популарност се дуплира во последните две години. Во исто време, постои враќање на модните трендови - фармерки со низок струк, апостолки со потпетици и асиметрични здолништа, кои се само некои од носталгичните трендови чија ренесанса ја видовме во последните неколку години. 90-тите години и првата деценија на 21 век се враќаат и во технолошка смисла - сè повеќе млади луѓе избираат постари модели на телефони како алтернатива на паметните телефони, како и дигитални фотоапарати и хобија што не ги вклучуваат социјалните мрежи како примарен извор на забава.
Експертите тврдат дека зад овој бран на носталгија стои нешто позначајно.
- Живееме во време на политичка, еколошка и финансиска несигурност и нестабилност, и кога работите изгледаат премногу вознемирувачки или дури и безнадежно, може да биде утешно да се потсетиме на минатите периоди од нашите животи кога се чувствувавме посигурни или кога животот беше помалку стресен - вели психологот Хана Мекензи.

За милениумците, овој период буди спомени од нивното детство и адолесценција. И како што оваа носталгија ги зафати социјалните медиуми, помладите генерации исто така ги идеализираат, фантазирајќи за минато што не го доживеале.
- Не можам, а да не се запрашам дали ова е делумно поврзано со враќањето во времето пред сите да станеме целосно зависни од бесконечното скролање на нашите телефони. Многумина сега се обидуваат да живеат поаналогно, намалувајќи го времето пред екраните и спротивставувајќи се на привлечноста на постојаното онлајн присуство. 90-тите претставуваат време кога можевме да бидеме поприсутни во моментот. За оние што сметаат дека технологијата негативно влијае врз нивното ментално здравје, привлечноста на времето кога тоа не беше толку голем проблем станува исклучително силна - додала Мекензи.
Носталгијата кон идеализираното минато, сепак, не е ништо ново, а постарите генерации со радост се сеќаваат на „старите денови“, честопати прикажувајќи ги како поедноставни, побавни и побезгрижни отколку што всушност биле. Сепак, експертите предупредуваат - иако нема ништо лошо во гледањето неколку епизоди од омилената детска серија, претераното препуштање на носталгијата може да има негативни последици.
- Ако премногу го идеализираме минатото, тоа може да нè спречи да живееме во сегашноста или да гледаме кон иднината - заклучува психологот.
Извор: ljepotaizdravlje.hr
Фото: Freepik