Денеска 5 излекувани пациенти, 10 нови случаи на Ковид-19. Филипче најави олабавување на рестриктивните мерки

Денеска 5 излекувани пациенти, 10 нови случаи на Ковид-19. Филипче најави олабавување на рестриктивните мерки

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, која е во тек, соопшти дека во
изминатите 24 часа се регистрирани 5 излекувани пациенти, во Скопје и во Неготино, а потврдени се 10 нови случаи во Скопје, Куманово, Прилеп и Велес. Денеска починал пациент на 60-годишна возраст. Филипче најави дека до Владата ќе достави предлог-план за олабавување на рестриктивните мерки бидејќи состојбата во земјава е стабилна.

Денеска се направени 189 тестови, а од утре ќе почне масовен скрининг на одредени категории, односно први ќе се тестираат 2.000 вработени во детските градинки.

Предлог-планот за намалување на мерките ќе се одвива во неколку фази. Ако Владата прифати, неделава ќе се отворат центрите за обука и семинари на возрасни, автошколи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуални спортови, тенис, спортски обложувачници и затворените трговски центри, но без угостителска дејност.

Ако состојбата со ширењето на вирусот биде стабилна, следната недела ќе се отворат угостителските објекти со послужување и тренинзи на отворено за колективни спортови. Една недела подоцна би се отвориле фитнес-сали, базени и хотели.

Предлогот на Комисијата за заразни болести, преку Министерството за здравство, ќе биде доставен до Владата.