Јупитер каков што не сте го виделе досега

Јупитер каков што не сте го виделе досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Јупитер изгледа како џиновска огнена топка на најновата слика направена од астрономите.

Сепак, сликата не покажува како Јупитер навистина изгледа кога се гледа преку телескоп, пишува Би-би-си. Тоа е резултат на техника со која се погледнува под облаците на планетата и покажува што се крие под нив.

Техниката ја прави сликата појасна со отстранување на матните делови што се добиле поради турбулентната атмосфера на Јупитер. Конечната слика е комбинација од неколку фотографии добиени со оваа техника, со кои истражувачите може да ја анализираат планетата по делови.


Новата фотографија е една од најјасните од Јупитер што се направени досега од Земјата, според Би-би-си.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Facebook