НАСА објави аудиозапис од црна дупка

НАСА објави аудиозапис од црна дупка

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Црните дупки што се наоѓаат во вселената претставуваат голема мистерија за луѓето. Меѓутоа, научниците постојано го зголемуваат разбирањето за овие масовни структури.

Американската вселенска агенција НАСА неодамна направила аудио од црна дупка. Аудиото било направено со помош на брановите што ги испраќа црна дупка која се наоѓа во галактичкото јато Персеј. Аудиото било адаптирано за да може да се слушне со човечко уво.

- Заблуда е дека нема звук во вселената со оглед на тоа што поголемиот дел од вселената е вакуум, па звукот нема медиум за проширување, но галактичките јата се полни со гасови кои стигнуваат до стотици, дури и илјадници галаксии и на тој начин претставуваат медиум за звучните бранови - напишала НАСА.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay