„Блекбери“ на Нетфликс: Одличен приказ на подемот и падот на компанијата што ја обележа мобилната индустрија

„Блекбери“ на Нетфликс: Одличен приказ на подемот и падот на компанијата што ја обележа мобилната индустрија

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Филмот за „Блекбери“ е снимен во 2023 година и има релативно висока оцена од 7,3/10 на „ИМДБ“. Доколку сè уште не сте го гледале, дефинитивно е препорака бидејќи од денес филмот го има на „Нетфликс“.

Филмот комично ги прикажува подемот и падот на едно од најголемите имиња во историјата на мобилните уреди – „РИМ“ (Research In Motion), канадската компанија што ги произведе исклучително популарните уреди „блекбери“.

Мобилните телефони „блекбери“ се карактеризираа со физички „КВЕРТИ/QWERTY“ тастатури, што ја направи комуникацијата преку е-пошта многу полесна за многу деловни луѓе на почетокот на милениумот, а во еден момент стана и статусен симбол. Операторите низ целиот свет нудеа специјални тарифи за „блекбери“ уредите. Најинтересно е што „блекбери“ беше прв во светот што понуди мобилна флет интернет-опција.

Дури и „Нокиа“ во еден момент нудеше слични уреди и, во соработка со „РИМ“, ја понуди таканаречената опција „блекбери конект“, која можеше да се користи во некои тарифни опции на операторот.


Сепак, со доаѓањето на „ајфонот“ во 2007 година работите се променија, а „Андроид“ се појави набрзо потоа. Овие два, тогаш сосема нови концепти, ја закопаа претходната парадигма на користење мобилни телефони, па дури и „блекбери“.

Во секој случај, „Блекбери“ е нешто задолжително за гледање.

Извор: mob.hr

Фото: YouTube screenshot