Одржан Семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество – во знакот на науката, струката и современите ветеринарни предизвици

Одржан Семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество – во знакот на науката, струката и современите ветеринарни предизвици

Во организација на Ветеринарниот факултет – Битола, единица на УКЛО, во соработка со македонската Ветеринарна комора, на 9 мај 2026 година во Офицерскиот дом во Битола успешно се одржа 4. Семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество.

Семинарот претставува значаен научно-стручен настан посветен на континуираното професионално усовршување, размената на современи научни сознанија и следењето на најновите достигнувања во ветеринарната медицина. Присуствуваа околу 200 доктори по ветеринарна медицина, универзитетски професори, истражувачи, практичари, студенти и претставници на институции од земјата и регионот.

1

Во своето обраќање, деканот на Ветеринарниот факултет – Битола, проф. д-р Панче Дамески, истакна дека современата ветеринарна медицина одамна ги надмина своите традиционални рамки и денес претставува носечки столб во заштитата на здравјето на животните, јавното здравје и безбедноста на храната. Посебен акцент беше ставен на концептот „Едно здравје“ - One Health, што ја потврдува нераскинливата поврзаност помеѓу здравјето на луѓето, животните и животната средина - концепт во кој ние како доктори по ветеринарна медицина имаме клучна улога. Вашето присуство денес во олкав број е доказ за нашата заедничка посветеност кон унапредување на науката, практиката и образованието во ветеринарната професија, истакна проф. д-р Дамески, нагласувајќи дека семинарот претставува платформа за размена на знаења, искуства и најнови истражувачки резултати, како и можност за создавање нови партнерства и продлабочување на меѓународната соработка.

1

Масовната посетеност на Семинарот претставува признание за нашата долгогодишна работа, но и обврска да продолжиме со континуирано унапредување на квалитетот на наставниот процес, научноистражувачката дејност и јакнењето на меѓународната видливост на Факултетот и продлабочување на соработката со другите ветеринарни факултети и институти од регионот.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, нагласи дека масовната посетеност и големиот интерес за семинарот претставуваат потврда за квалитетот и угледот на Ветеринарниот факултет – Битола, посочувајќи дека токму поврзаноста на академската заедница со практиката претставува пример за современ пристап во високото образование.

1

Поздравни обраќања имаа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, и претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, д-р Жарко Михајловски, во својство на коорганизатор и поддржувач на семинарот. Тие ја нагласија важноста на континуираната едукација и професионалната соработка во услови на современи ветеринарни предизвици, нови заболувања, антимикробна отпорност и сè поголемото значење на благосостојбата на животните.

Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, истакна дека одржувањето на ваков меѓународен научно-стручен собир претставува особена чест за градот и значаен придонес за неговата академска и професионална афирмација.

4

Во рамките на семинарот предавања одржаа еминентни експерти, универзитетски професори и ветеринарни практичари од Македонија, Србија, Словенија и Бугарија, при што беа презентирани современи научни достигнувања, клинички искуства и актуелни пристапи во дијагностиката, терапијата и превенцијата во ветеринарната медицина.

Во текот на настанот беа доделени и плакети и благодарници на институции, организации и поединци за нивниот придонес во развојот на академската, научната и професионалната соработка.

5

Особено позитивни се впечатоците на студентите и дипломираните ветеринари, кои семинарот го оценија како исклучително значајно и инспиративно искуство. Во организацијата на овој значаен стручен настан, Ветеринарниот факултет – Битола активно и целосно ги вклучи студентите од трета, четврта и петта година студии, овозможувајќи им директно учество во подготовката и реализацијата на семинарот. Според нив, ваквите настани претставуваат ретка можност за активно вклучување во организацијата, стекнување практични искуства и директна комуникација со професори, стручњаци и компании од областа на ветеринарната медицина. Тие нагласуваат дека токму ваквите собири придонесуваат за зближување на академската и професионалната заедница, создавање нови познанства, размена на знаења и поттикнување идни соработки.

1

4. Семинар од областа на ветеринарната медицина уште еднаш ја потврди определбата на Ветеринарниот факултет – Битола и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за континуирано унапредување на високото образование, научноистражувачката дејност и меѓународната соработка, како и нивната посветеност кон развојот на ветеринарната професија и современите научни текови - вредности што УКЛО со своите единици активно ги развива како членка на Алијансата КОЛОРС.

2

3

(Комерцијална објава)