Делфините и луѓето имаат една заедничка карактеристика...

Делфините и луѓето имаат една заедничка карактеристика...

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска



Големите делфини се единствените суштества, освен луѓето, што се довикуваат со посебни имиња, покажала една студија на австралиски научници.


Делфин
(Фото: Pixabay)


Овој вид делфини користат „имиња“, односно индивидуални облици на пискање и свиркање за да си ги препознаат пријателите и непријателите во својата социјална средина, рекла научничката Стефани Кинг од Универзитетот „Западна Австралија“ по проучувањето на делфините во заливот Шарк, 800 километри западно од Перт.

Таа додала дека паровите и помалите групи машки делфини користат такви повици за да ги привлечат женките за парење, а ги „украле“ од соперничката група мажјаци.

„Тие делфини не се родени со свој единствен звук, туку ги развиваат во првите неколку месеци од животот и структурално се единствени за секоја единка“, напишала Кинг за списанието „Conversation“.

„Тие звуци се споредуваат со човековите имиња. Делфините ги користат за претставување“, додала таа.

„Тоа им овозможува да ги распознаат своите пријатели и своите соперници. Докажано е дека големите делфини паметат звуци од други единки и по 20 години разделеност“, вели Кинг.