Нов тест може да го предвиди точниот датум за пораѓање на бремените жени

Нов тест може да го предвиди точниот датум за пораѓање на бремените жени

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците од Универзитетот „Стенфорд“ сега можат да утврдат дали мајката предвреме ќе се породи со точност до 80 отсто, исто толку сигурно колку и кој било ултразвук.

Техниката би можела да игра важна улога во одредувањето на тоа дали бременоста ќе доведе до предвремено раѓање.

Над 15 милиони деца во светот се раѓаат предвреме. Лекарите никогаш немале толку сигурен ресурс за утврдување дали бебето ќе се роди предвреме, особено во области што не се финансирани или немаат технологија да им помогнат на лекарите да се грижат за мајките во тие ситуации.

test
Фото: Pixabay


Тестовите ја мерат генската активност кај мајчините, плацентните и феталните гени. Ги земаат предвид нивоата на крвта на мајката, на клетките што немаат RNA. RNA е „гласник“ на телото за производство на протеини. Примероците од крв собрани за време на бременоста може да одредат кои гени даваат точни мерења на гестациската старост и ризикот од предвремено породување.

- Откривме дека неколку гени се високи предвидувачи за тоа кои жени се изложени на ризик за предвремено породување - изјави професорот Мадс Мелби.

- Поминав многу време обидувајќи се да го разберам предвременото породување. Ова е првиот вистински, значаен научен напредок по подолго време - додава тој.

Под предвремено раѓање се квалификува секое породување три недели порано. Предвременото раѓање е најголемата причина за смртност на доенчиња и најголема причина за смрт на децата под 5 години во светот.

Тестовите за гестациската возраст би им дале на научниците поточни читања за датумот на пораѓање на жените. Тоа би можело да даде подобро разбирање за тоа како бебињата се развиваат и како телото на мајката реагира на тој раст.

- Ова дава супервисок резолуциски поглед на бременоста и човечкиот развој што никој досега не го видел. Ни кажува многу за развојот на човекот во нормалната бременост - велат истражувачите.