Редок спектакл на небото над Африка беше забележан деновиве

Редок спектакл на небото над Африка беше забележан деновиве

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска



Помал астероид именуван како 2018LA и со дијаметар од приближно два метра, кој кон нашата планета иташе со брзина од 61.155 километри на час, во саботата експлодирал при судир со Земјината атмосфера, пишува Science.com.


Фотографија од астероидот забележан во Африка
(Фото: Melissa Delport / Youtube)


Научниците го забележале астероидот рано во саботата и по проучувањето на неговиот пат, заклучиле дека ќе се судри со Земјата и дека тој судир ќе се случи во период од неколку часа. Астероидот удри во Земјината атмосфера на надморска височина од приближно 50 километри над Боцвана, во 16:44 часот според средното време по Гринич (GMT), односно според Координираното светско време (UTC).

Астрономите во извидницата Catalina Sky Survey во градот Туксон, во американската сојузна држава Аризона, први го забележале астероидот. Од НАСА велат дека астероидот е забележан на оддалеченост од 384 илјади километри од Земјата. Погледнато низ телескоп во Туксон, астероидот изгледал како точка на небото.

Кога уочиле дека астероидот има дијаметар од приближно два метра, заклучиле дека ќе експлодира по судир со Земјината атмосфера. „Ова е многу помал објект од оние што според професионалниот повик мораме да ги уочиме“, рекол Линдли Џонсон, службеник на НАСА за одбрана на планетата. „Меѓутоа, овој настан ни дава можност да покажеме колку добро сме обучени за детекција и реакција“.

„Овој е веќе третпат како уочуваме астероид што треба да се судри со Земјата“, рекол Пол Шодас, управител на Центарот за проучување објекти во близина на Земјата, во лабораторијата на НАСА во Пасадена, Калифорнија. „Исто така, ова е вторпат олку рано да предвидиме дека објектот најверојатно ќе се судри со Земјата.“

Сигурносните камери на две фарми во Јужноафриканската Република ја забележале експлозијата на астероидот. Потоа Барен Свејнпоел и Мелиса Делпорт ги објавиле видеата на „Јутјуб“.

Свејнпоел рекол дека со својот сосед пиеле кафе кога на небото забележале „голема огнена топка“. „Топката ја видов во боја. Имаше црвена опашка, па помислив дека може да ја запали тревата.“