Хрватот Римац го побива тврдењето на Илон Маск за брзината на најновата „тесла“

Хрватот Римац го побива тврдењето на Илон Маск за брзината на најновата „тесла“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Илон Маск штотуку го претстави новиот модел на електричен автомобил „тесла Ц плејд“ како најбрз и најдобар електричен автомобил на светот. На претставувањето на моделот било откриено дека автомобилот достигнува брзина до 95,6 километри на час за помалку од две секунди.

Меѓутоа, моделот „невера“ на хрватскиот произведувач на автомобили „Римац“ таа брзина ја достигнува за 1,85 секунда. Од хрватската компанија му се обратиле на Маск, но тој и понатаму ги игнорира, откри основачот на „Римац“, Мате Римац, на „Фејсбук“.



- И покрај тоа што Илон нѐ игнорира (тврдејќи дека „плејд“ има најголемо забрзување) - и понатаму сме многу побрзи, имаме речиси двојно поголема моќност, поголем акумулатор и побрзо полнење. Сепак, неверојатни перформанси за релативно пристапен семеен автомобил - поставувајќи нови стандарди за главните произведувачи на оригинална опрема. Браво „тесла“, браво Илон“ - напишал Римац.

Извор: Index
Фото: Rimac Automobili