И Европската вселенска агенција ќе оди на Венера

И Европската вселенска агенција ќе оди на Венера

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американската вселенска агенција НАСА неодамна најави две мисии до Венера, а сега и Европската вселенска агенција најавува мисија до таа планета.

Интересот за Венера покажува дека научниците сакаат да ја истражуваат оваа планета, која е слична со нашата на многу начини, иако на неа животот би бил невозможен.


Фото: Pixabay

Во рамките на мисијата наречена „Ен вижн“, Европската вселенска агенција ќе прави мерења на површината на планетата со камера со висока резолуција. Камерата би можела да открие тајни поврзани со вулканите на Венера и големите тектонски движења на планетата.

Научниците сакаат да дознаат повеќе и за површините на Венера што се еквивалентни на Земјините континенти. Во зависност од составот на овие површини може да се покаже дали некогаш имало вода на Венера, а камерата на Европската вселенска агенција ќе може да го препознае составот.

Мисијата треба да биде лансирана на почетокот од идната деценија.

Извор: Futurism