Како да напредувате во ИТ-кариерата - совети од Emit Knowledge

Како да напредувате во ИТ-кариерата - совети од Emit Knowledge

Зголемениот интерес за неформална едукација и дообучување несомнено упатува на зголемена желба кај луѓето за напредок и придвижување кон повисоки професионални скалила.

Во ИТ-секторот, како и во другите индустрии, за да напредувате во кариерата, потребно е континуирано и паралелно да ги развивате и техничките и меките вештини. Ги споменуваме меките вештини бидејќи како што велат од софтверската компанија Emit Knowledge: „Способноста за јасно и отворено комуницирање, кое не креира проблеми, туку решенија, дејствува како мала работа, но всушност е нешто што создава голем импакт врз тоа како ќе напредува кариерата на еден софтвер-инженер, односно девелопер“.

Emit Knowledge е компанија која веќе 10 години создава напредни и прогресивни софтверски решенија на нашите простори преку развивање свои производи и апликации. Од нив дознаваме корисни совети за тоа како софтверските инженери брзо и ефикасно да напредуваат на професионален план.

- Пред сѐ, важен е изборот на компанијата, oдносно опкружувањето во кое ќе работите секој ден. Тимот, културата, вредностите и можноста за учење се она што создава добри или помалку добри девелопери. Ако сте во добра компанија што инвестира во вас и ве поддржува и инспирира да бидете подобри, тогаш вие ќе бидете фантастични. Тоа е принципот на кој функционираат нештата во нашиот тим.

Од Emit додаваат дека секогаш ги поттикнуваат своите вработени да бидат проактивни, да даваат идеи и да го споделуваат своето знаење и искуство со другите членови на тимот, особено со помладите, бидејќи да се биде тимски играч и да се има способност за менторирање е карактеристика која ќе ги однесе подалеку во кариерата.



Сепак, тие ја истакнуваат и важноста на техничките вештини.
- Тоа што ќе направи да се истакнете од конкуренцијата се вештините за кодирање кои се стекнуваат само со техничка работа, односно пишување код. Експериментирајте и пробувајте, бидејќи рутината и работењето само на она што веќе го знаете ќе ја придуши иновативноста и ќе доведе до стагнација на вашата кариера.

Еден од главните совети кои ги даваме на девелоперите, особено на оние помладите кои штотуку започнуваат и имаат големи амбиции и аспирации е да решат некаков проблем во проектот или во компанијата. Работата во софтверската индустрија во најголема мера е токму тоа, решавање проблеми. Ако можете да решите важен проблем на вашата компанија и тоа го направите проактивно и своеволно, верувајте дека ќе биде забележано. Особено кај нас, бидејќи луѓето кои даваат екстра напори и се инвестирани во целите на компанијата, се оние што сакаме да ги задржиме. Тие се вклопуваат во нашата компаниска култура - додаваат од компанијата.
Emit Knowledge се единствената наша ИТ-компанија која јавно ја истакна својата кариерна патека, како знак за отворена комуникација со вработените уште пред нивното вклучување во тимот, што дополнително ја потврдува нивната филозофија за постојано учење, напредување и инвестирање во млади и потенцијални софтвер-инженери.

(Комерцијална објава)