Научници се обидуваат повторно да го замрзнат Арктикот

Научници се обидуваат повторно да го замрзнат Арктикот

Подготвил: Билјана Спиркоска

Лектор: Ивана Кузманоска

Навистина звучи чудно: за да го спасат снежниот Арктик од топење поради глобалното затоплување, некои експерти работат на планови за хакирање на климата на целиот регион.

Ладењето на регионот од рефлектирачките сончеви зраци би вклучувало многу проекти, а некои од нив веќе се направени. Еден експеримент вклучува пумпање вода на површината, каде што ќе се замрзне и така ќе се создаде заштитен слој врз арктичкиот мраз. Друг вклучува ставање зрнца рефлектирачко стакло врз снегот за да се одбијат сончевите зраци.

Сето тоа се форми на геоинженеринг, техники за оформување одредени аспекти од животната средина за да се амортизира штетата од климатските промени. Фактот дека сериозно ги разгледуваме овие експерименти значи дека нашите колективни напори за ублажување на ефектите не се доволни, особено ако се земе предвид фактот дека минатата година беше најтоплата некогаш забележана за Арктикот.

Погледнете како научниците решиле да применат стар метод - покривање на мразот со тенок слој вода испумпана од под мразот што брзо се замрзнува - во обидите за регенерирање на мразот на Арктикот. Дали тоа може да помогне, останува да видиме по објавувањето на резултатите од студијата.



Извор: Futurism
Фото: YouTube (printscreen)