Зачекори во светот на сајбер-иднината! - БЕСТ Скопје го организира летниот академски курс за роботика „Powerpuff Robots: Circuits, Sparks and Everything Smart“

Зачекори во светот на сајбер-иднината! - БЕСТ Скопје го организира летниот академски курс за роботика „Powerpuff Robots: Circuits, Sparks and Everything Smart“

Сметаш дека си мотивиран студент со амбиции да учествуваш во највпечатливиот настан летово? Те интересира роботика, но истовремено сакаш да внесеш свежа енергија во твоето секојдневие? Ако одговорот на овие прашања е ,,да“ ,тогаш ти си човекот кој го баравме!

БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија)
постои веќе 23 години и е проактивна, неполитичка и непрофитна организација, раководена исклучиво од студенти чија цел е промовирање на студентската визија. Доказ за нашата долгогодишна традиција на подобрување на студентскиот стандард се настаните што ги организираме: Саемот за вработување и кариера, Хакатон, Симпозиум за едукација и многу други. Како интернационална организација, сме една од 85. активни членки и настаните кои се под наше раководство се презентираат на конференции низ Европа.

👉 ЛАК (Летен академски курс) е еднонеделен настан дизајниран да обезбеди теоретски основи и практично искуство во рапидно развивачката област на роботиката и вештачката интелигенција. За реализација на академскиот аспект, ќе се погрижат врвни професори од нашиот партнер-факултет ФЕИТ, спремни да ја пренесат својата експертиза преку одржување предавања, работилници и дискусии.⚙️



🌍 Сè уште не сме стигнале до највозбудливиот дел кој го прави овој настан уникатен - културната размена! Токму така, ќе работиш во тим од амбициозни и ентузијастични истомисленици кои доаѓаат од Португалија, Шпанија, Германија, Турција и ред други европски земји.📍

🎉 Ако сè уште не успеавме да те убедиме, можеби нашата широка палета на социјални активности ќе ти го привлече вниманието. Неповторлива шанса да запознаеш нови луѓе, а истовремено да ги подобриш своите вештини, без притоа да имаш какво било предзнаење, сè на едно место. Спремен ли си да го прифатиш предизвикот?

🤝 Пријави се на линков и те очекуваме од 6.7.2025 до 14.07.2025 во просториите на ФЕИТ!

Рокот за пријавување е до 20.6.2025 | 23:00ч


За повеќе информации, следи нè на социјалните мрежи:

Фејсбук: BEST Skopje
Инстаграм: @bestskopje
Линкдин: https://mk.linkedin.com/company/best-skopje