Еве ги најиновативните земји на светот за 2018 година

Еве ги најиновативните земји на светот за 2018 година

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска



Глобалниот индекс на иновации секоја година го издаваат Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), Универзитетот „Корнел“ и бизнис-школата INSEAD.

Во годишниот извештај за 2018 година, Кина првпат се најде меѓу 20. најиновативни економии на светот, додека САД првпат испаднаа од првата „петорка“.


Илустрација: Светот во светилка.
(Фото: Pixabay)


На првото место е Швајцарија, а следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

САД од минатогодишната четврта позиција паднаа на шестата, додека Кина напредуваше од 22. на 17. место.

Директорот на Светската организација за интелектуална сопственост, Френсис Гари, во вторникот истакна дека позицијата на Кина претставува напредок за нејзината економија, која брзо се трансформира, и им дава предност на истражувањата и иновативните технологии.

На оваа листа од земјите во регионот Словенија се наоѓа на 30. место, Хрватска на 41., а Црна Гора на 52. место. Следуваат Србија на 55., Босна и Херцеговина на 77. и Албанија на 83. место.

Македонија на оваа листа се наоѓа на 84. место.