„Форбс“ ја објави листата со најплатени ѕвезди

„Форбс“ ја објави листата со најплатени ѕвезди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Обично кога ќе се најдат на едно место имињата Тејлор Свифт, Канје Вест и на кланот Кардашијан-Џенер, станува збор за расправија - но овој пат се заедно затоа што тие го достигнале врвот во нивната кариера и се дел од листата на „Форбс“ со 100 најплатени ѕвезди.

На врвот на листата се најде 29-годишната Тејлор Свифт. Она што ја постави на врвот беше нејзината светска турнеја „Репутација“ во 2018 година, што ѝ донела заработка од 266 милиони долари. Претстојниот албум на Свифт - „Љубовник“, кој треба да излезе ова лето, можеби ќе ѝ помогне да се задржи на листата и наредната година.

Заработката на Свифт во 2018 година изнесувала 185 милиони долари, според податоците на „Форбс“. Наместо да ја измери нето-вредноста, списанието ги мерело приходите пред оданочувањето, помеѓу 1 јуни 2018 и 1 јуни 2019 година.

plateni
Фото: Getty Images

Кајли Џенер се најде на второто место. Оваа 21-годишна старлета во 2018 година успеала да продаде производи од нејзината колекција „Кајли козметик“ за 360 милиони долари, со што добила годишна заработувачка од 170 милиони долари. Исто така, Џенер се најде на насловните страници оваа година, кога „Форбс“ објави дека е на пат да стане најмладата милијардерка во светот што сама ги заработила парите.

Зетот на Џенер, Канје Вест, се најде на третото место. Неговата линија на чевли во текот на изминатите 12 месеци достигна околу 1 милијарда долари. Токму тука раперот заработи најголем дел од своите пари; од партнерството со „Адидас“ има 15 отсто од големопродажбата. Исто така, тој е сопственик на компанија за облека.

На четврто место се најде фудбалерската ѕвезда Лионел Меси, кој моментално заработува 80 милиони долари годишно во текот на сезоната 2020-2021. По него е пејачот Ед Ширан. На шесто место се најде Кристијано Роналдо со 64 милиони долари годишно.

Ова се првите 10 ѕвезди што минатата година оствариле највисока лична финансиска заработка:

1. Тејлор Свифт - 175 милиони долари
2. Кајли Џенер - 170 милиони долари
3. Канје Вест - 150 милиони долари
4. Лионел Меси - 127 милиони долари
5. Ед Ширан - 110 милиони долари
6. Кристијано Роналдо - 109 милиони долари
7. Нејмар - 105 милиони долари
8. Иглс - 100 милиони долари
9. Д-р Фил - 95 милиони долари
10. Канело Алварез - 94 милиони долари.