УКЛО го објави конкурсот за уписи на студенти

УКЛО го објави конкурсот за уписи на студенти

Подготвил: С.Ѓ

Лектор: Ивана Кузманоска

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска го објави конкурсот за упис на студенти за академската 2019/2020 година. Вкупно 2.935 места се слободни, од кои 1.575 за редовни студенти, 820 за кофинансирање, а 540 – вонредни. Првиот уписен рок ќе се реализира на 29 и 30 август.
Најмногу студенти (505) можат да бидат примени на Техничкиот факултет од Битола, 400 на Факултетот за информатички и комуникациски технологии и на Факултетот за безбедност во Скопје, 330 на Економскиот факултет, 300 на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 280 на Високата медицинска школа, 215 на Педагошкиот факултет, 165 – Факултетот за биотехнички науки – Битола, 12 на Правниот факултет во Кичево и 45 на Ветерина.
На следниот линк видете го целиот конкурс.