Овој град ја има највисоката туристичка такса во Европа
Амстердам ја има највисоката туристичка такса во Европа, која во 2026 година изнесува 12,5 проценти од нето-цената на ноќевањето, пред додавањето на данокот на додадена вредност. Тоа значи дека таксата се заснова на цената на сместувањето, а ја плаќаат сите посетители што не се пријавени како жители на Амстердам.
Ако сте избрале соба во хотел во Амстердам која чини 100 евра, за секој ден ќе мора да платите уште 12,50 евра за такса. Ако ноќевате во луксузен хотел и сместувањето го плаќате 400 евра од ноќ, за таксата ќе мора да издвоите 50 евра на ден.
Ако во градот сте пристигнале со брод, ќе платите такса од 15 евра по ден и по лице.
Високи туристички такси се наплаќаат и во Барселона – од 6 до 12 евра по лице и ноќевање, во зависност од категоризацијата на сместувањето. Шест евра на ден ќе мора да платите ако спиете во хостел, а 12 евра ако ноќевате во хотел со пет ѕвездички.
Во главниот град на Франција максималната туристичка такса ја плаќаат лицата што престојуваат во луксузни палати – 15,60 евра на ден, додека, за споредба, за сместување во кампови се плаќа такса од само 0,65 евра.
Висината на туристичката такса зависи од категоризацијата на сместувањето и во Италија. Во Рим таксата изнесува помеѓу 3 и 10 евра на ден. Ако престојувате во хотел со една ѕвездичка, ќе платите 3 евра, во хотел со три ѕвездички ќе платите 6 евра, а во хотел со пет ѕвездички – 10 евра на ден.
Фото: magnific