Дојче Телеком и Били Ајлиш го слават дигиталниот оптимизам на генерацијата Z

Дојче Телеком и Били Ајлиш го слават дигиталниот оптимизам на генерацијата Z

- #WhatWeDoNext – платформа за млади за креирање подобра иднина преку технологијата
- Кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со универзална порака за дигитален оптимизам
- Партнерството на Дојче Телеком и Били Ајлиш посочува на потенцијалот на новата генерација да ја користи технологијата за добро

Дојче Телеком заедно со петкратната добитничка на „Греми“, Били Ајлиш, го слави позитивното влијание на технологијата во времето на генерацијата Z, генерација на млади кои имаат моќ и потенцијал да креираат подобра иднина. #WhatWeDoNext кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со фокус на првата генерација која ја користи технологијата не само за свој бенефит туку за доброто на целото општество.

- Сите имаме потенцијал позитивно да влијаеме врз нашата планета и се надевам дека нашата генерација ќе ги искористи своите платформи преку соработка и комуникација да направи вистинска разлика - вели Били Ајлиш.

Дојче Телеком верува дека доживувањата се за споделување. Сега, повеќе од кога било претходно, еднаквата вклученост на сите во општествениот, економскиот и културниот живот е главен фокус на брендот. Со #WhatWeDoNext на младите луѓе им се дава глас и платформа да покажат како ја користат моќта на технологијата за да направат вистинска разлика. Оваа генерација има неверојатен потенцијал да нè води кон новата иднина, затоа со #WhatWeDoNext се пренесува универзална порака за дигитален оптимизам.

Според истражувањето што го спроведе Дојче Телеком, младите Европејци на возраст од 16 до 26 години изразуваат високо ниво на оптимизам во однос на потенцијалот што го нуди технологијата. По проблемите што произлегоа од Ковид-19, 93% од припадниците на генерацијата Z во Европа сметаат дека технологијата може да биде корисна алатка за учење и образование. 86% сметаат дека таа им овозможува да се поврзат со онлајн-заедниците врз основа на заедничките интереси. 90% сметаат дека вклучувањето на младите луѓе е клучен фактор во градењето подобра иднина, а 75% сметаат дека на социјалните медиуми наоѓаат поддршка во бранењето на она во кое веруваат.

Меѓународната кампања започнува денес со проекција на филм со Били Ајлиш и претставници на генерацијата Z кои споделуваат вистински инспиративни приказни. Во филмот гледаме како претставниците на оваа генерација се борат со негативните перцепции што постојат за нивното користење на технологијата и како тие, сосем спротивно, ја користат технологија за да направат позитивни промени, преку кампањи против климатските промени, застапување еднаквост, креативност, па дури и сајбер-безбедност.

Филмот кој го оспорува мислењето дека тие се опседнати со екрани и ништо повеќе го означува почетокот на мисијата на Дојче Телеком за поддршка на оваа генерација во борбата да го најде своето место во новиот свет. Преку својата многу успешна музичка платформа, Telekom Electronic Beats, Дојче Телеком ќе продолжи да го истражува #WhatWeDoNext, на тој начин овозможувајќи ѝ на генерацијата Z платформа за активно учество во дискусијата.

За да го погледнете филмот и да добиете повеќе информации за кампањата, одете на: www.telekom.mk/whatwedonext

(Комерцијална објава)