Првпат пронајдена вода на потенцијално населива планета

Првпат пронајдена вода на потенцијално населива планета


Научниците првпат пронајдоа вода во атмосфера на планета која кружи во населива зона на оддалечена ѕвезда.

Планетата К2-18б, оддалечена 111 светлосни години од Земјата, е предалеку за да се испрати летало во потрага по живот. Но, научниците очекуваат во следните десет години да се лансираат вселенски телескопи со чија помош би можело да се утврди дали има атмосфера на планетата К2-18б.

К2-18б е двојно поголема од Земјата, а според пресметките, до 50 отсто од нејзината атмосфера би можеле да се составени од вода.

Астрономите не можат да се согласат дали гасовите можат да докажат присуство на живот.

– Ќе биде потребно истражување на хемискиот состав на можеби стотина планети за да сфатиме како се создадени и како се развивале - изјави професорката Џована Тинети, која го предводеше тимот што ја откри водата на К2-18б.

Вода досега е откриена и на други планети, но тие или се преголеми или се претопли за да поддржат услови за живот, додека потешко е да се откријат помали и релативни поладни планети.

К2-18б е откриена во 2015 година благодарение на леталото на НАСА, Кеплер. Таа е една од стотината планети чија маса е помеѓу Земјата и Нептун, а ја нарекуваат и супер-Земја.

Се очекува мисијата на НАСА, Теш, да открие уште стотина такви планети следната година.

Извор: МИА