Компаниите бараат практични вештини: Зошто студентите со дуално образование се иднината на пазарот на трудот

Компаниите бараат практични вештини: Зошто студентите со дуално образование се иднината на пазарот на трудот

Работното искуство е високо ценето од страна на компаниите и токму затоа недостигот на работна пракса претставува голема пречка за оние што првпат бараат работа. Многу млади луѓе се заробени во маѓепсан круг: тешко можат да најдат прва работа затоа што често во огласите се бара кандидатите да имаат работно искуство. Докажано е дека практикантството има големо влијание врз промоцијата на вработувањето на младите и е главна причина за ниските нивоа на невработеност кај младите во некои европски земји.

Слично е и со пазарот на труд во Македонија, кој сè повеќе се соочува со недостиг на кадар кој веднаш може да се вклучи во работните процеси. Компаниите бараат луѓе кои покрај диплома ќе имаат и практично искуство - нешто што традиционалниот образовен систем ретко го обезбедува.

Оттаму, дуалното образование, модел што Хајделберг факултет во Скопје го воведе како прв и единствен во земјава, е одговор на оваа потреба. Студентите уште за време на студиите се вклучени во платена пракса во големи компании во земјава и по завршувањето на факултетот тие зад себе веќе ќе имаат три години работно искуство.

Со овој пристап компаниите можат да добијат кадар кој е веќе запознаен со нивната работа и процеси и наместо дополнителни месеци за обука, младите веднаш се подготвени да преземат одговорности. Освен тоа, дуалниот модел им овозможува да развијат и т.н. „soft skills“ - комуникација, работа во тим и решавање проблеми, кои се клучни за продуктивноста.



Хајделберг факултет во Скопје веќе соработува со петнаесетина реномирани компании од банкарскиот и од производствениот сектор. Овие партнерства ја потврдуваат важноста на новиот образовен пристап - за компаниите тоа е можност да инвестираат во идните професионалци, а за студентите гаранција дека нивното образование има директна практична примена.

Хајделберг факултет – Скопје минатата година ја пречека првата генерација студенти кои во текот на студирањето два дена неделно работат во реномирани компании, а 3 дена во неделата студираат според германски стандарди. По завршувањето на тригодишните студии студентите се стекнуваат со двојна диплома – македонска и германска, а платената пракса им овозможува месечна плата која ја покрива школарината.

На тековниот конкурс за прием на студенти за академската 2025/2026 година на Бизнис-администрација – банкарство, осигурување и контролинг од предвидените 30, останати се уште мал број места за упис на бруцоши.

На следниот линк може да се најдат подетални информации за конкурсот: https://heidelberg.edu.mk/upisi-2025/

(Комерцијална објава)