Студентите на Економскиот факултет - Скопје при УКИМ наскоро ќе добијат нова креативна лабораторија поддржана од ПроКредит Банка

Студентите на Економскиот факултет - Скопје при УКИМ наскоро ќе добијат нова креативна лабораторија поддржана од ПроКредит Банка

ПроКредит Банка, во соработка со Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, инвестира во создавање на ProLab – современ простор наменет за креативност, практична работа и соработка меѓу студентите.



Проектот ProLab е замислен од студенти за студенти. Почетната идеја и концепт за уредување на просторот произлегуваат од талентирани студенти на Архитектонскиот факултет при УКИМ, кои во рамките на процес на учење и практична работа, заедно со тимот на Super Block (Smart Living), успеаја да ја преточат својата визија во функционално и модерно решение.



Новите простории ќе функционираат како креативен центар за развој на проекти, презентации и стартап-иницијативи, но и како инспиративно место за поврзување, размена на идеи и заедничка работа. На овој начин студентите на Економскиот факултет - Скопје ќе имаат уште подобри услови за учење преку пракса, експериментирање и развој на иновативни идеи.



Со овој проект Економскиот факултет - Скопје уште еднаш ја потврдува својата посветеност на современо образование кое гради кадри подготвени за реалниот бизнис-свет. Истовремено, ПроКредит Банка ја зајакнува својата мисија да инвестира во младите и нивниот потенцијал, позиционирајќи се како банка наменета за новата генерација.

Проектот е во фаза на реализација, а студентите наскоро ќе можат да уживаат во динамична и модерна околина.



(Комерцијална објава)