Дали сте спремни да искусите една поинаква авантура?

Дали сте спремни да искусите една поинаква авантура?

Book a ticket to the BEST adventure of your life!

Уште од млади години, информациите за тоа каков треба да биде еден студентски живот ги добиваме од филмови и серии. По запишувањето на факултет, сфаќаме дека тие очекувања можеби и не се реалистични. Но, што ако ви кажеме дека тоа не мора да биде така. Што ако само еден чекор ве дели од следната авантура во вашиот студентски живот?

Бордот на европски студенти по технологија - Скопје (БЕСТ - Скопје) е невладина, непрофитна студентска организација чија главна цел е развојот на студентите. Нашата организација им овозможува на студентите поддршка при личен и академски развој, нови искуства, пријателства и доживувања преку работење на локални и интернационални проекти, како и развивање на нови вештини надвор од факултетските клупи.

Забавата, пријателството, флексибилноста, учењето и подобрувањето се вредности, негувани од БЕСТ - Скопје уште од своите почетоци во 2002 година. Најубав начин да се искусат овие вредности е токму преку можноста за патување. Со 94 БЕСТ групи низ цела Европа, имате безброј можности за нови патувања и авантури, како и шанса да стекнете пријателства со најразлични студенти од разновидни култури.

Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите кои БЕСТ - Скопје ги нуди, како и да се запознаете со членовите, дојдете на информативниот состанок на 20 октомври во 20 часот на Zoom.

Вашата следна авантура почнува преку пријавување на следниот линк Информативен состанок за нови членови - БЕСТ Скопје | Facebook.

Доколку не можете да присуствувате на информативниот состанок, посетете ја официјалната страна на БЕСТ - Скопје за повеќе информации http://best.org.mk/.

За повеќе новости следете не на нашите социјални медиуми на:
Facebook -> https://www.facebook.com/bestskopje;
Instagram -> https://www.instagram.com/bestskopje/?hl=en;
LinkedIn -> https://www.linkedin.com/company/best-skopje/.

Летот кон најдобрата дестинација ве чека. Дозволете БЕСТ - Скопје да биде вашата следна незаборавна авантура.

#YourBESTAdventure!