Ова се најчестите митови за учењето

Ова се најчестите митови за учењето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Не учете еден ден пред испит. Направете си катче за учење и секогаш учете таму. Не правете чести паузи додека учите. Ова се само неколку совети за учењето кои впрочем се митови бидејќи не им помагаат на сите студенти.

Учење на едно место од една скрипта

Без разлика на мислењето дека е добро да се има свое катче за учење, скрипта и што помалку работи кои ве деконцентрираат, истражувањата покажуваат дека студентите што учат на различни локации имаат подобри резултати. Освен тоа, скриптата не треба да биде единствен материјал за подготовка на испит.

Може да користите и телефон или лаптоп, да истражувате или да купите дополнителна книга. Сите овие активности поттикнуваат подобро и поквалитетно учење, помнење и систематизација на наученото.


Фото: Pixabay

Читање исто поглавје повеќепати

Може нешто да прочитате десетпати, а пак да не го разберете. Подобро е да напишете прашања поврзани со материјалот што треба да го совладате, да ги прочитате и со разбирање да ги одговарате. Така ќе знаете што сте запомниле и полесно ќе се фокусирате на она што не сте го запомниле.

Може да се учи и со картички на кои на едната страна ќе има прашања, а на другата одговори.


Фото: Pixabay

Паузи за време на учењето

Научниците велат дека кратките паузи за време на учењето или решавањето се најдобар пат до положен испит. Иако паузирате, вашиот мозок потсвесно и понатаму го решава проблемот и често токму во овие моменти стигнувате до решението.

Обидете се да ги ставите работите во некој контекст, а ако е можно, проучувајте ги сликите, графиконите и табелите. Може и да направите план за учење, но и да се придржувате до него.

Извор: Studentski