УКИМ ги награди најдобрите студенти

УКИМ ги награди најдобрите студенти

Наградата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за најдобро дипломираните студенти, златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примија 23 студенти, додека за учебната 2019/2020 година беа наградени вкупно 26 студенти. Доделувањето на пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти од страна на Ректоратот на УКИM се одржа на платото пред Универзитетот.

Исто така, со наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија се закитија десетмина студенти од завршниот семестар во прв циклус студии од учебната 2019/2020 година, кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од: Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности.

Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.

фото: УКИМ

Наградата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за најдобро дипломираните студенти, златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примија 23 студенти, додека, за учебната 2019/2020 година, беа наградени вкупно 26 студенти. Доделувањето на пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти од страна на ректоратот на УКИм се одржа на платото на Универзитетот.

Исто така со наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија се закитија десетмина студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година.

Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.