Новите пасоши на Норвешка го имаат најдобриот дизајн во светот

Новите пасоши на Норвешка го имаат најдобриот дизајн во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Норвешка има нови интересни пасоши и лични карти на кои има илустрации од пределот на земјата кои се менуваат од ден во ноќ под УВ-светлина. Дизајнирани се од студиото „Ноје“, кое го доби договорот за дизајн со концепт за истражување на огромните пејзажи на Норвешка.

Главната цел на редизајнирањето на пасошите беше да се зголеми безбедноста на норвешките пасоши, лични карти и патни исправи. Друг важен аспект беше дека пасошот треба да потсетува на норвешкиот народ. По шест години развој, сега се објавени конечните верзии на пасошот. Дизајнерскиот тим создаде сеопфатна визуелна приказна каде што секоја страница претставува уникатна приказна за Норвешка.

1

Користејќи илустрации на одредени делови од широката норвешка панорама, „Ноје“ сакаше да ги покаже контрастите во пејзажите и климата што ги обликуваат Норвежаните, нудејќи можности и ресурси, места за рекреација и сцени од важни историски настани.

- Дизајнот мораше да создаде чувство на припадност и поврзаност помеѓу возраста, полот и регионите во Норвешка - вели Бенџамин Стенмарк, дизајнер од „Ноје“.

пасоши

- Затоа, моравме да ја разгледаме нашата историска основа и што е тоа во рамките на норвешката култура што создава чувство на припадност. Ова нешто го најдовме во природата. Тоа било и секогаш ќе биде дел од нашата историја. Пејзажите околу нас даваат чувство на припадност и гордост. Сликите од сценографијата и пејзажот лесно можат да станат клишеа, но поради тоа што се широко прифатени и длабоко вкоренети во норвешката култура, тие исто така се лесни за идентификување - додава тој.

Извор: Lonely Planet
Фотографии: Catharina Caprino