Ако ги напишете овие зборови во веб-пребарувачот, големи се шансите да бидете хакирани

Ако ги напишете овие зборови во веб-пребарувачот, големи се шансите да бидете хакирани

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пребарувањето на интернет носи одредени ризици. Иако повеќето од резултатите што можете да ги најдете на пребарувачот се легитимни и нема да ви наштетат вам или на вашиот компјутер, сепак, повремено се појавуваат не толку невини веб-страници чија единствена цел е да ве искористат.

Според анализата на експертите од „Софос“, зборовите „Are Bengal Cats legal in Australia“, односно „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија?“, го зголемуваат ризикот од кражба на вашиот идентитет. Имено, со впишување на овие зборови во пребарувачот се појавуваат резултати меѓу кои повеќето се лажни.

Жртвите често се охрабруваат да кликнат на малициозни реклами или линкови што се рекламираат како легитимни веб-страници. Интересно е што злонамерната веб-страница моментално се појавува само ако во прелистувачот е впишан зборот „Австралија“, што покажува дека корисниците од таа земја се во најголем ризик.

Како што наведува „Софос“, кога корисникот ќе кликне на лажни резултати, на неговиот компјутер се инсталира злонамерната програма „Готлоудер“, која го блокира пристапот до компјутерот и истовремено ги краде личните податоци на сопственикот на компјутерот (онлајн банкарство, картички итн.)

Затоа, следниот пат кога ќе пребарувате нешто на „Гугл“, не кликнувајте веднаш на првиот резултат што ќе се појави.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik