НАСА пронашла мистериозни остатоци на површината на Марс: „Изгледа како да не се од Земјата“

НАСА пронашла мистериозни остатоци на површината на Марс: „Изгледа како да не се од Земјата“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога размислуваме за истражување на вселената, обично замислуваме непознати цивилизации, неистражени светови и технологии кои надминуваат сè што знаеме.

Сепак, вистинската реалност на вселенските мисии вклучува многу практични, па дури и малку бизарни предизвици. На пример, хеликоптерот „Инџенуити“ на НАСА, кој одигра клучна улога во мисијата „Марс 2020“, имаше можност да сними нешто што можеби изгледа како „неземна“ сцена, но во реалноста, тоа е остаток од човечко создавање.

Овој случај ни покажува дека и покрај сите напредни технологии, нашето присуство во вселената остава траги кои не можеме лесно да ги игнорираме.

Хеликоптерот „Инџенуити“ направи импресивни 72 лета на Црвената Планета, а за време на еден од тие летови сними сцена што може да изгледа како нешто од научнофантастичен филм. Имено, сред црвениот песок, хеликоптерот наишол на остатоци од леталото.

Глетката била толку необична што предизвикала сензација бидејќи изгледало дека е нешто неземно. Но, како што објаснил Иан Кларк, инженерот задолжен за падобранскиот систем на роверот „Персеверанс“, тоа биле само остатоци од човечкото творештво - опремата што се користела за слетување на „Инџнуити“ на површината на Марс.

фотоизвор: NASA

Оваа слика не е доказ дека постои вонземен живот, туку потсетување на нашето присуство во универзумот и на неизбежните последици што тоа ги носи. Овој отпад, кој изгледа како остатоци од вселенски бродови, е всушност производ на нашата сопствена технологија која сега лежи на речиси неподвижната површина на Марс.

Околу 2.000 активни сателити моментално орбитираат околу Земјата, додека има околу 3.000 неактивни, а бројот на отпадоци во вселената само расте. Овој отпад претставува опасност за нашите вселенски мисии, но можеби еден ден, додека го истражуваме Марс или други планети, ќе треба да донесеме одлуки дали да ги исчистиме остатоците, или да ги оставиме како траги од човечките амбиции и технологии на другите светови.

Извор: klik.hr

Фото: NASA