Интересна зимска активност - Лизгање на мраз на каналите во Амстердам

Интересна зимска активност - Лизгање на мраз на каналите во Амстердам

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога температурите во Холандија ќе се задржат под нулата доволно долго, каналите во Амстердам стануваат блескави патеки за лизгање.

Лизгањето на замрзнатите канали во Амстердам не е можно секоја година. Потребно е температурата да се спушти на -5 Целзиусови степени или пониско, и тоа да трае една или две недели за да се добие природен мраз кој ќе биде доволно дебел за луѓето да можат да се лизгаат.

Во текот на студените периоди сообраќајот со бродови на одредени канали е блокиран за да се овозможи замрзнување на водата.

Лизгањето по каналите на Амстердам е навистина незаборавно искуство. На мразот се поставени мали киосци каде што се продаваат ликери за лизгачите да се загреат.

Најпопуларни канали за лизгање се Принсенграхт, Кајзерграхт и Бруверсграхт.







Извор: Amsterdamsights.com
Фото: Instagram