Владата ќе доделува ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уреди

Владата ќе доделува ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уреди

Владата најави ваучери за студенти и финансиска поддршка за бизнисите на младите.

- Во Буџетот за 2025 година се обезбедени средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди - телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади - соопштија денес од Владата.

Оттаму додаваат дека ваучерот за студентите од 250 евра за купување електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет, а финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување бизнис значи дека младите ќе можат своите бизнис-идеи да ги преточат во бизнис-планови.

- Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите, иднината да ја градат во сопствената држава - стои во соопштението.