Ова се најмоќните фотографии на годината од „Нешнл џиографик“

Ова се најмоќните фотографии на годината од „Нешнл џиографик“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Годишниот избор „Фотографии на годината“ на „Нешнл џиографик“ претставува престижна селекција на највпечатливите моменти забележани од фотографите низ светот.

Илјадници снимки се прегледуваат за да се издвојат оние што најсилно ги пренесуваат убавината, кревкоста и чудото на природата и човечкото искуство. Проектот има цел да инспирира, да отвори важни прашања и да поттикне свест за зачувување на светот кој нè опкружува.

Ова се петте најдобри фотографии.


1
Фото:Диего Паредес стои на седлото од својот коњ и ги набљудува напуштените трговски патеки во Северна Аргентина, симболично претставувајќи го обидот да се оживеат старите традиции преку едукативни јавачки тури.

2
Фотографот Ананд Варма конечно успева да забележи редок миг: ембрион на птица стар 12 дена во кој уште се гледа жолчката, но веќе е формирана јасна силуета на пиле.

3
Додека го следел леглото на ретко огромно армадило, фотографот Фернандо Фасиоле одеднаш се нашол лице в лице со уште поретко животно: јагуар, еден од помалку од десетте што преживеале во овој бразилски државен парк погоден од масовно уништување на шумите.

4
Соломонските Острови, дом на некои од најразновидните корални гребени во светот, годинава ветија заштита на 59 милиони хектари морски води околу ова тропско островче, дел од регионот Корален Триаголник што содржи 76 отсто од светските видови корали.

5
Мртов кашал-кит лебди меѓу парчиња поларен мраз, а фотографот Рои Галитц успеал да ја фати сцената со дрон; на сликата се гледа и поларна мечка која се обидува да сепробие низ дебелата кожа за да дојде до месото.

Извор: Popsci.com
Фото: National Geographic